Pouki vo duh i vistina by Tihomir Stojanovski - HTML preview

PLEASE NOTE: This is an HTML preview only and some elements such as links or page numbers may be incorrect.
Download the book in PDF, ePub, Kindle for a complete version.

во Дух и Вистина

Слезени по Духот на мудроста,

преку Духот на Вистината запишал: сотрудник Христов

Тихомир Стојановски

Скопје,

Македонија

2022

1

Im blagodaram na site braœa i sestri, sotrudnici Hristovi koi ja pomognaa ovaa kniga.

Isus da im namnoì sè. Zasekoga{ Isus.

CIP - Каталогизација во публикација

Национална и универзитетска библиотека

"Св. Климент Охридски", Скопје

27-31-184.3

27-31

СТОЈАНОВСКИ, Тихомир

Поуки во дух и вистина / Тихомир Стојановски. - Скопје

: Скрб и утеха, 2022. - 186 стр. ; 21 см. - (Едиција Крвта

Исусова)

Тихомир Стојановски : (биографија на авторот): стр.

180-181

ISBN 978-9989-198-22-9

а) Исус Христос -- Вера б) Христологија

COBISS.MK-ID 56765445

2

...Поуки во Духот се слова кои се слезени

во Дух и вистина по молитвени средби, на

Исусовата молитвена заедница „Сотрудници“ и

кога бев во својата скришна соба, во молитвена

средба пред Отецот небесен. Тоа се слова од

Духот Утешител, јас бев само избран сад за

Негова употреба...и ги запишав од Духот, преку срцето и душата во телото и земново

време, за да слушнат сите за поука и

усовршување во љубовта на нашиот Татко

Небесен. А вие не примајте сѐ здраво за готово, испитувајте ги Духовите, како што ни вели

Исус. Слава ти Господе Исусе Христе...

3

Како се прима Исус? Како се застанува

пред Исус? Како се доаѓа до крстот? Како Исус

да живее во мене? Како да умре стариот човек

и да бидеш новороден? Зборуваш од свое име, а мислиш дека е од Исус? Имаш непослушност

и себеправедност. Пиеш апчиња за смирување, а велиш дека си во Исус?

Имаш проблем со светот и велиш дека

си во Исус. Вистина ви велам, никој не

покажува како се доаѓа до Исус. Апостол Павле

падна од коњ, ослепе? Дали ти си слеп или

гледаш? Дали беше син изгубен и те најде

Отецот небесен преку Исуса Христа? Исус умре

на крстот, и ти треба, како Него да умреш на

крстот за одново да се родиш. Сотрудничка

била двапати на молитвени средби, а сака да

држи поука.

Голем дел “христијани“ само мислат

дека се во Исус. А силата Исусова дали е во нас, во тебе? Како се служи на Исус е важно

прашање? Со песни и ора? Со цитати? Или со

словото на своето сведоштво? Ти си сведок, 4

жив камен, живо слово или не си? Цел ден

служиш на Христа. Цело време. Се предаваш

во Негова власт и сопственост. Не ти што

сакаш, ја исполнуваш само волјата Негова.

Негови мисли, ги имаш врзано бедрата на

својот ум. Дали си срце кое жеднее за духот

Исусов? Како се живее Исус? Како да се

оставиш себе си на крстот? Како духот да

зборува низ тебе и Он да ги врши делата?

Како? Словото е меч во Духот и е живо, не само

во телото. Оправдани сме по милост. И потоа

што? Да одиме на плажа?

Како се прима Исус во срцето? Зошто не

се откажуваш од себе? Дали сѐ уште јадеш од

дрвото на спознанието, на доброто и злото.

Дали живееш на адресата: Каин-авелија.

Зошто Каин го уби брата си Авел? Ги љубиш

ли сите? Зошто немаш сила да простиш?

Зошто осудуваш? Не судете!...Каде завршуваш

ти и почнува Исус? Колку е широко твоето

срце? Дали по неколку прегледани семинари-проповеди на интернет, се возгордеја, а велми

5

знаењето

возгордејува,

само

љубовта

ослободува. Блажени се мртвите кои отсега

умираат во Исус. Умирање во Исус и

новородение? Дали си подготвен да умреш

блажен во Исус? Или си ја сакаш душата и

животот? Себе се љубиш или Исус? Дали го

љубиш ближниот како себе си? Имаш ли

доволно љубов за сите? Себе судете си, ни вели

Исус да се преиспитаме првин себе си... те

љубам мил Исусе. Засекогаш Исус.

Не сакаш да слушаш поуки? Слушаш

проповеди на телевизија далеку негде, не

може никој да те укори за да се менуваш?

Христијанството е живеење како Исус, осветување, умирање за себе и новородение?

Ако те учи Исус, ќе имаш служба? На животни

и синови човечки им треба водство? Квасот

фарисејски е да се говори, а не да се извршува.

Исус служи, молчи, Духот говори. Кисело вино

е оцет, тоа е телесна доктрина. Капка отров ја

6

труе целината? Кој те подучува, телесен

учител, во доктрина, квас фарисејски или

Духот? Не сакаш да слушаш, за да се смениш, да бидеш кастрен. Непризнат грев е болка во

телото и душата. Што имам јас со тебе? Илија

му рече на Елисеј. Потоа Елисеј мораше да

трча за да го стигне Илија.

Проповедник кој греши?(да ја оправда

доктрината). Лесно е да си протестант.

Цитираш, а не извршуваш. Мислиш дека си

спасен. Го знаеш словото? Тоа е Богохулие...?!

Како се моли, со рецитирање и нарачки или со

сето срце и душата?... Сѐ е можно за оној кој

верува. Во што?

Дали го молиш Отецот или ти му

кажуваш што да прави? Сите пророкуваат и се

исцелители. И ништо од тоа не фаќа корен.

Против што протестираш?

Горд „зналец“ на словото. А нема љубов.

Само слово, само вера, благодат празна, еднаш

спасен-засекогаш, не треба ништо да правиш, предодреденост... Исусе напомош?

7

Кога поуката е доктрина, не е чиста, скиселена е, потквасена е, затоа зборува за

бесквасен леб. Дух и вистина. Храна за дух, здрава или затруена? Едно е слово на

сведоштво, а друго е Исусов учител. Учителот е

слово. Живо слово во Дух, кога Духот зборува.

Еден е учителот, не си ти...! Го знаеш словото.

Вистинското слово, само она што доаѓа во

Духот е вистинско. (Тит 1:9)

Нема светилка во темнината на овој

свет. Не сака да се промени. Светлина на

светот.

Сите имате состојби, драми кои треба да

ги надминете? Но, како ќе ги надминеш ако не

слушаш поуки од учител испратен од Исус?

Или сакате Он лично да дојде и да ве учи? Кога

сѐ ќе му предадеш, ќе бидеш едно со Него.

Пред тоа имаш водач назначен од Него. Може

ли од оцет да стане вино? Да се исчисти садот, гумното? Двајца собрани во Негово име е

Неговата, не деноминациска црква. Свиткана

леска од посилно дрво паднато врз неа, ја

8

исправав. Не се скрши, дозволи да биде

подучена. Насекаде Исус.

Како дете пред својот возљубен добар

Отец на духовите. Како се застанува пред

Исус? Како се прима Исус во срцето?

Сокровиште со Отецот, ако останеме во

Неговите (не во нашите) слова? Како се прима

Духот Свети? Како Исус да зборува, Духот низ

нас. Он да ги врши делата. Како да те води

Духот Свет и да бидеш Син Божји? Како ти да

сопреш да зборуваш, а да говори Исус? Дали

Исус вистински живее, пребива во твоето

срце?

Имаш ли љубов за сите? Им прости ли

на сите? Се остави ли себеси на крстот Исусов?

Дали се роди повторно во дух и вистина?

Колку време во текот на денот, работиш за

Исус?

Кога те боли нешто, дали одиш на

доктор или кај Исус? Во кого веруваш и имаш

доверба. Дали имаш меч на духот, живо слово

9

во срцето? Кој го оживува словото? Словото

без дух е мртво. Што прави христијанинот?

Припадност, давање власт на Исус. Кој

управува со тебе, ти или Исус? Исус не сака тоа

што сакаш ти. Неговата волја и упатства, заповедите дали ги извршуваш? Дали имаш

отчитување на Духот и дела на љубовта? Или

си живееш во светот и ако најдеш време

помислуваш на Исус? Како се бара и се работи

за Царството Божјо? Дали пропушташ кога ти

говори Отецот преку Дух со благословен слуга, сотрудник, пријател божји?

Да имаш време за Исус и да немаш е

избор на живот и смрт?! Колку време

пребиваш со Него, толку Он ќе расне во

духовниот човек, во тебе! Дали остави сѐ земно

и врвиш по Него? Го зеде ли својот крст? Кој

ќе го повика Неговото име ќе биде спасен.

Дали го повика? Како се повикува Исус? Дали

си спасен и праведен?

Дарови на Духот: колку и какви се и

зошто служат? Исус е слуга. Дали и ти си

1 0

подготвен да служиш? Многу самонаречени

христијани далеку од Исус, телесни, горди со

сопствена мудрост, без љубов. Тоа е

прељубодејство, некој држи таткова жена-црква. Црквата е една Исусова. Зошто се

поделени земните заедници? Каде живее

Исус? Во твоето и моето срце.

__________________________________

Меч на духот. Што е тоа? Како се

употребува, слово остро како двоостар меч.

Живо слово во срцето. Се повикуваш на

словото и се држиш за него. Ако имаш образ

во Исус облик на земниот и образ на

небесниот. Ако дозволуваш Духот да те

води...Ефесјани 6:13

Му се поклонуваме во Дух и вистина. Не

во тело. На земјата има три дименизии. Време, простор и свест. Колку трае молитвата?

Жената која ја вклучивме на вибер од Америка

се моли 40 мин. Ние слушаме, чекаме и се

чудиме. Не читајте пишани молитви. Кажете

1 1

два збора од срце. Од срце...лице в лице, срце

со срце, со Исус. Отецот зборува за Исус, со нас

се моли, а постира слики од Богородица. Исусе

напомош! Кога Он ќе дојде (Духот) мене ќе ме

прослави. Од Австралија зборува на јазици

(духовни), а ja слави Богородица. Кој дух е во

Него? Ние зборуваме за облекување во сила

одозгора. Он сѐ ќе ви објасни. Духот над Јован, Исус, над него, на Него, над тебе. Во Исус е во

сета полнота. Препуштање, Стануваш сад за

почесна употреба. Храм на Светиот дух.

Како се прима Духот? Услов: покајување, простување, неосудување, прифаќање

Божја волја, барање Царство божјо. Давање

власт на Исус, за да ти даде власт во Него да

газиш на змии и скорпии и ништо нема да ти

напакости. Давање сопственост, припадност.

Не си повеќе сопственик на себе, Исус е...Исус

живее во тебе.?!!!

Велми Духот е над Него, на Него, и може

да живее во тебе. Крштевање во Дух свети..Да

раскрстиш. Да излезеш од раскрсница по

1 2

тесниот пат што води кон животот... Да го

избереш патот Христов. Он да те води, управува, живее во тебе, како храм, свечен сад.

Со ум не се прима Духот свети, туку со срцето.

Сѐ е можно за оној кој верува. Доверба, си му

предал сѐ... Без Светиот дух не ја знаеш

Божјата волја и мислиш дека твојата волја е

божја. Мудрост Соломонова 9:17 Во кој дух си, е живот или смрт. Криво учење, доктрина е

смрт за душата, отров за телото и за душата.

Мислиш дека знаеш, тераш од себе, не од Исус.

Дали ти е потребен Исус или знаеш сам?

Зошто Јован го крсти Исус?

Покајте се. Не сум достоен. Го видов

духот како слегува и остана над Него. Така

велеше Јован. Исус е сиот во сета полнота, исполнетост со Дух. Услов да слезе Духот.

Распнување на себе си под крстот, крвта

Исусова врз тебе и водство од Духот. Да се

оставиш себе си. Да се облечеш во Исус

одозгора во сила. Дух на сила, Дух Утешител, Дух на вистина...

1 3

Што е тоа пост? Воздржување од

телесни нагони? Зошто пост? Овој род се

истерува само со пост и молитва. Свикајте

пост? За несреќа. За потреба. Свртување кон

Исус. Богородични пости? Свети Јован

опсечен?! Строг пост? Без масло, на вода.

Исусе напомош.

Постам еднаш неделно за да му

благодарам на Исус што сум здрав, дека не сум

зависен од храна. Има пост по датуми земни...

и духовен пост. Дали го бараш Царството

божјо? Православна вера, католичка...? Каде е

Исус? Богородично христијанство. Светци, слави, датуми...Галатјани 5:16-25

Пред кого застануваш и се молиш пред

икона, пред светец, олтар, пред црква или пред

Исус? Дали одиш во храм или ти си храм на

Светиот дух? Тоа е од нас кон Исус или

идолопоклонство? Пост се прави да се

укрепиш во Исус. Да го оставиш светот, сѐ

земно, да му се предадеш Нему. Да го замолиш

за сила, водство, да се соединиш со Него во

1 4

Дух и вистина. Затоа се пости, се одврзуваш од

светот, се прилепуваш до Исус. Постам само за

Исус. За соединување со Него. Постот без

духовна врска со Исус е диета... Нема смисла.

Постот е состојба на умирање на стариот човек, нема временска одредница. Духовен избор, откажување од светот, телесен човек и

крштевање со Дух.

Мирот Свој ви го давам. Мир вам.

Исусов мир. Нема мир за грешниците. Исус ви

дава мир, сила и љубов. За да пребивате во

Него. Да останете во Него. Сатаната рика како

лав, сакајќи некого да проголта. Да украде, ограби, разруши. Тој е лажго и крадец на

мирот. Што и да се случува, остани во Исуса.

Не го давај Неговиот мир. Побарај водство и

сила да се додржиш во Христа. Да не те

навлече лукавиот да се фатиш на сатанскиот

круг: осудување, мраза, кавга. Го знаете стихот

да се измириш со противникот твој навреме.

1 5

Да не те предаде на Судијата, Судијата на

слугата, да бидеш фрлен во затвор. За да

излезеш ќе ја дадеш и последната пара.

Доколку е условено од вас, бидете во мир со

сите. Не судете за да не бидете судени. Еден е

Судијата. А слугата е Исус. Можеш и ти да

бидеш слуга на Отецот небесен. Со каква

мерка ги мериш другите, со таква мерка се

мериш себе си. Ако имаш нешто против братот

оди и измири се пред молитвата. Прости му

77/7 пати. Отплатата е четворна во сѐ.

Мирот свој ви го давам. Ни вели Исус.

Кога доаѓа состојба која ви го краде мирот, остани во Исуса. Не реагирај во тело, чекај

водство во Духот. Заврти го другиот образ, дај

му ја и горната облека на оној што ти бара, оди

не една или две, туку сто милји, претрпи ја

штетата. Одмаздата не е твоја, Негова е. Он ќе

наплати. Он суди. Не ти. Барај сила и водство

и остани во Исусовиот мир. Кажи му на оној

што те напаѓа дека ти си сопственост на Исуса

Христа, дека со Него ќе си има работа. Кажи

1 6

му дека Исус е твојот Господ и благослови го.

Остани во мирот Свој ви го давам. Благослови

ги оние што те колнат, моли се за оние што те

навредуваат и гонат. Моли се за непријателот

свој. Однеси му вечера на љубовта, жар на

главата негова. Исус вели да ги љубиме

непријателите свои. Мирот свој ви го давам. Те

љубиме Исусе. Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат Синови Божји. Мир

вам. Ако куќата е достојна, мирот ќе прејде и

ќе се насели во неа. Биди ти тој дом Исусов кој

дарува мир на сите. Мир вам до Божјо царство

небесно. Насекаде Исус.

Ако останете во зборовите Мои, навистина ќе бидете Мои ученици, ќе ја

спознаете Вистината и Вистината ќе ве

ослободи. Ќе ве ослободи. Да останеш во Дух и

живот, тоа се зборовите Негови. Да останеш во

љубовта која е заповед. Тие цитираат бројки, кој ред, кое евангелие, кој стих, кој број. Тоа е

1 7

телесно помнење. Мемориско помнење. Ние

зборуваме за живо слово. За твое оживување и

на словото во тебе. Преку вера Исус да се всели

во срцето твое. Исус - Дух, духовно родение, оживување. Зборовите Исусови се Дух и живот.

Да останеш во зборовите и да оживееш во

Духот. Внатрешен човек. Твојата вистинска

духовна природа.

Се маваат со цитати, како со стрели, бомби, камења, куршуми. Треба да живее, оживее словото во ДУХ, да се родиш одозгора

да направат сокровиште Исус и Таткото

небесен во твоето срце. Да се соединиш во еден

Дух со ними. Соединување во Духот. Така

стануваш Исусов, Негов ученик. Остануваш во

Духот. Духородение, Новородение. Роден во

Отецот. Таткото, Создател на сѐ. Богородение.

Тие цитираат телесна статистика. Мислат го

знаат словото, го познаваат Бога. Пишано е во

коринтјаните дека по нешто знаеме, по нешто

пророкуваме. На крајот ќе биде според

пишаното, како што ме знае и познава Бог. Не

1 8

на лице, туку во срцето. Што има внатре во

човекот, знае Духот. Духовно знаење е да го

имаш Исус во мислите свои. Да го задржиш и

издржиш до крај и да бидеш спасен. Спасение

е премин од тело во Дух. Од нељубов во љубов.

Љубовта покрива многу гревови. Покриј се, обгрни се со љубов. Облечи се, промени се во

љубов. Во свадбената облека, соединување во

едно тело и еден Дух со Исуса. Како

младоженецот и невестата.

Словото убива, кога е телесно и е камен, стрела, куршум, упатен кон нечие срце. А

слово живо, меч на Духот, оживотворува.

Изрекувам живот во тебе и сите нас во

Исусовото слово. Исус е Учителот, Судијата, Он нѐ учи. Дух на вистина. Љубов, мир и сила

во Него. Неговата волја. Духовно движење, тесната патека на љубовта која нѐ учи да се

движиме во Духот. Оживување, родение во

Дух. Остани во живите слова, предај му се на

Исуса. Научи да љубиш. Исус е вистината која

ослободува. Еден Дух со Него е духовно

1 9

оживување. Во Духот се полниш со љубовта. И

си сад на Неговата љубов и со Син Божји кого

го: води, учи, просветлува и ослободува Духот

Божји. Живо слово во мене. Во секого од нас.

Во едно тело со Отецот и Исус, соединето во

вечното Царство и силата и љубовта која

никогаш не престанува, соединети во вечната

љубовина...засекогаш Исус.

Духовен и телесен. Небесен и земен.

Чувство на тежина и леснина. Дали си сонувал

дека паѓаш и леташ? При сон дека летам не

сакам да се разбудам. Кои сме ние? Духовен и

материјален свет. Нашиот Татко е наречен

Отец на духовите. Духот е тој што оживува.

Телото ништо не помага. Преку Духот ја

примаме љубовта. Распламтен Дух, оган на

љубовта. Огнено езеро. Таму одиме. Златото се

прочистува низ оган. Пишано е да ги

испитуваме духовите! Духот на Отецот е љубов.

Другото што не е љубов е долг список на

смртта. Се вели по Дух, а не по буква. Духовно

2 0

обрезание во срцето. Пишано е телесниот

човек не го разбира духовното. Зборовите што

ви ги кажав се Дух и живот. Каде завршува

телесното, паднатото, земното и почнува

духовното? Се вели го создаде човекот од прав

земна и му дувна во душата Дух животен и

човекот стана жива душа. Не заборавај дека ти

си создаден, душа со вдахнат Дух од Отецот кој

е љубов. И дека имаш слободна волја и право

на избор. Дали си телесен, роб на гревот со

недостаток на љубов кон сѐ и кон сите? Се вели

тело, телесно(природно, земно) и тело

Духовно. Пишано е дека на земјата е фрлен, паднат сатаната и има малку време. Време на

милост. Да си го познаеш времето. На крстот

се оставаш телесниот ти, се распнуваш, се

крштеваш во смртта, (Римјаните 6:1-6) и

живееш нов живот. Му се предаваме на Исус

во сопственост и владеење. Син Божји е оној

кој го води Духот Божји. Да ја прифатиме не

нашата, туку Неговата волја за да нѐ научи да

љубиме. Затоа сме во тело, паднати на земјата.

21

Исус ни вели: „ Стани и Оди?!“. Има движење

со тело кај човекот и животните, движење во

себе, во материјата со протони и неутрони и

движење во Духот, како Син Божји. Духот е тој

што оживува. Телото ништо не помага. Телото

е од земја и го оставаме во земја кога се

преставуваме пред Отецот, при првата смрт.

Ако е наше зошто го оставаме во земјата? Голи

доаѓаме, и голи заминуваме од овој свет. Со

нас и во нас останува само љубовта. Нашиот

Татко е љубов. Тоа не е чувство, туку суштина и

природа. Љубовта никогаш не престанува.

Љубовта е вечна. Дух на љубовта во нас.

Тесната патека Исусова која треба да ја

следиме е патека од телото кон духот. Од себе

си кон Исуса. Прости ми Татко, погрешив пред

Тебе и пред небото. Се враќам пак кај Тебе. Ја

избирам љубовта. Го избирам Исуса. Летај

Духу мој. Царството Божјо е во мене внатре.

Засекогаш љубов...

2 2

Ако не бидете како овие мали деца, нема

да влезете во Царството Божјо. „Оставете ги

децата, да доаѓаат кај Мене“, ни вели Исус.

Исто така вели и „Оче наш кој си на небесата“.

Татко и син. Деца на Севишниот Отец.

Блудниот син кој се враќа кај Отецот и вели:

„Татко прости ми, погрешив, пред Тебе и пред

небото“. Чеда возљубени. Тоа е загубен, заборавен, сатанизиран однос. Синот против

таткото. Сатански – спротиставен на Бог.

Пишано е кој сака да види добри денови

да ги измири односите со родителите.

Помирување на синот, блудниот син со

таткото. Тоа е крајот на драмата. Победата на

животот над смртта. Победата на вечната

љубов, (нашиот Татко и Создател) над себе -

љубието, сатанизмот, вавилонството, каин-авелизмот, Адам и дрвото, Ева и змијата...а

Исус ни вели: „Оставете ги децата...да доаѓаат

кај Мене.“ Кај Него. Дали си чедо Божјо, дете

кое се враќа кај Отецот на духовите. Дали

имаш Татко на небесата кој создал сѐ, 23

најбогатиот, најсилниот, најпојќе љубов. Он е

љубов. Се враќаш во љубовта, која никогаш не

престанува во прегратката на нашиот Отец

Небесен. Се претопуваш, крстиш во љубов.

Крштение, водна бања во словото, очистување

во љубовта. Бидете како мали деца. Ни

порачува Исус. Така се влегува во Царството

небесно. Барам прошка од мојот Отец небесен.

Прости ми Татко погрешив пред Тебе и пред

небото! Остави го товарот на гревот на крстот

Исусов. Прости ми, погрешив пред Тебе и пред

небото. И ангелите слават на небесата кога

еден грешник се покајува. Помирување со Бог.

Син во понизност и покорност пред Таткото.

Ќе бидам син, чедо Божјо, се покајувам, простувам, не осудувам, ги љубам сите, ја

прифаќам Неговата волја, дете сум на

Семоќниот Бог Отец на сите. Ја избирам

Неговата вечност, наспрема минливоста и

смртта. Така ја добивам силата, царството и

славата Негова. Те љубам Оче мој. Прости ми.

Се враќам пак кај Тебе. Летај Духу мој на

2 4

крилјата на Исусовата љубов. И едно сум со

Отецот и Исуса Христа, роден и крстен во

љубовта вечна за навек...

Да влезеш во единство со Исус. Во еден

Дух со Него. Тоа е суштината. Исус вели Јас и

Отецот сме едно. Обратете внимание на едно и

за-едно. Соединување. Претопување. Да се

облечеш во Исус. Римјаните 13:14 Да се

облечеш во љубов. Да се соблечеш од стариот

човек. Да се родиш повторно во Дух и Вистина.

Да признаеш дека сам не можеш, не знаеш, дека самиот си спротиставен на Исуса. Ти си

паднат, своеглав, наместо Христоглав. Да ја

смениш припадноста и сопственоста. Една

вера и едно крштение. Вера Исусова.

Крштение во Дух. Исус е младоженецот, ние

сме невестата. Маж и жена, соединување, прилепување во едно тело. Со Исуса едно тело

во Духот. Пишано е кој се соединува со

блудница, еден дух е со неа. Блудница: жена, црква, држава, организација. Има две тела на

25

земјата: сатанско, човечко, паднато и Божјо

Исусово. Нема меѓу тело. Или си со Исус или

си сам, одвоен, паднат, сатански. Целата

суштина е да се оставиш себе си стариот

телесен, грешен, паднат ти, припадник на

сатанското тело и да му дозволиш на Исус да

направи сокровиште во твоето срце. Да се

покаеш. Да се оставиш себе си, телесниот, стариот ти на крстот и да бидеш ново создание

во Исуса. Да се прилепиш за Него, да го

оставиш сатанското и да бидеш едно тело со

Исуса. Во Дух и вистина да му се поклонуваш.

Христос е глава на црквата. Он е спасител на

телото. Се предаде себе си за неа. За духовната

заедница, жива Исусова црква, за духовото

тело и ја осветува, очистува со водна бања во

словото. Во себе. Ефесјаните 5:26 Крштение

преку словото кое е Он самиот. Покорете се на

Бога и спротиставете се на сатаната, и ѓаволот

ќе побегне од вас. Да излезе од твоето срце, да

му отстапи место на Исуса и Отецот во тебе. Да

го изгониш сатанското од себе и да се

2 6

соединиш во еден Дух со Исус. Да се исполниш

со љубов. Во сета полнота Исусова. Исполнет

со Духот на љубовта. Отецот да те исполни со

Неговата љубов. Да се возродиш, Богородиш, да го распламтиш својот дух и да крштеваш и

да бидеш крстен со оган на љубовта. Едно тело, еден Дух со Отецот на духовите, да оживееш во

Дух и вистина. Да бидеш едно со Исус и Отецот

во царството на духовите. Во царството на

љубовта. Во царството Божјо, Амин...насекаде

Исус.

Крстен во Свет Дух и новороден, Богороден. Јован ни вели:

„Покајте се, се приближи царството

небесно!“ Ги потопуваше во реката Јордан. Јас

крштевам со вода, велеше, Тој што иде по

мене, ќе крштева со оган и со Свети Дух.

Распламтен дух на љубовта. Повикани сме на

очистување и осветување. Ефесјаните 5:26 ни

вели за водна бања преку словото. Миење, 27

капење во словото. Чистење во живо слово.

Водата е само надворешен чин. Ако некој не се

роди во вода и Дух, вели Исус, нема да го види

царството Божјо. И влегуваат и излегуваат од

водата по повеќепати. Цела доктрина на

заедница, баптисти, мислат дека така се прима

и Духот, преку капење на телото во водата?!

Влегува сув грешник, излегува воден грешик.

Исус ни вели да се родиме одозгора, за да

влеземе во царството Божјо. Јас сум одозгора, ни вели, а вие одоздола. Земен, телесен и

небесен, духовен човек. Пишано е дека ќе

бидеме како ангели на небесата. Се капат, се

квасат, одат во Јордан, тоа е идолопоклонство

кон реката. Во Ерусалим чие духовно значење

е Содома и Гомора и Египет, каде што нивниот

Господ беше распнат. (Откровение 11:8) Идолопоклонство

кон

места,

временски

одредници, предели и настани. Имитативен

телесен театар. Покајте се, ни вели Јован. По

мене иде Оној кој ќе крштева со оган и Свети

Дух. Небото над Неговата глава е отворено. Ве

2 8

чисти со живото слово. Водно капење во

словото, во распламтен Дух и живи слова во

срцата. Во името на Исус, изрекувам живот во

секого од нас. Водна бања во Исуса. Да се

искапеш во љубовта. Да се искапеш во

покајување, исцелување, простување, одврзу-вање, неосудување, несудење и во тебе и да се

потопиш во живата вода, да ја згаснеш жедта

во Исуса, да потечат од твојата утроба реки од

живата вода, а жива вода е живото слово во

твоето срце. Живо слово Исусово во тебе. Да го

живееш словото. Ти се претопуваш, капеш во

словото, се чистиш, ти си слово Исусово во

распламтен Дух на љубовта. Се соединуваш со

Исус. Жив камен во Неговата, единствена

духовна заедница. Да се родиш во жива вода и

во распламтен Дух. Да се родиш одозгора за да

го видиш и да влезеш во царството небесно.

Се крстат како бебиња, како возрасни во

водата... мислат дека тоа е пораката, да се

квасиш во вода? Жива вода, жива река, живо

слово се духовни состојби не се телесни, тоа се

2 9

состојби на: осветување, очистување, сплоту-вање, соединување во еден Дух со Него. Исус

да ви го отвори умот за да ги разбирате

писмата, Амин...

Ние зборуваме(јас и Духот на Отецот) за

телесен и духовен човек. За земен и небесен

човек. За обличје на земниот и образ на

небесниот. Пишано е дека Отецот со љубов, ревност го љуби Духот што го вдахнал во нас.

Телото без Дух е мртво, словото без Дух убива

и е мртво, Духот оживотворува. На мојот Отец

му се поклонувам во Дух и Вистина. Римјаните

1:9. Му служам со својот дух. Пишано е дека

телото оди во земја, а Духот негов чека суд.

Духот е животот, телото е смртта. Се вели за

Отецот наш Татко на Духовите, Царство на

духовите. Ние сме духовна природа, на земјата

сме во „кафезот на телото“ и треба да научиме, покрај физичко и внатрешно движење.

Созданијата, луѓе и животни, се движат

физички, материјата се движи внатре во себе, 3 0

протони, неутрони, ние треба да научиме да се

движиме во духот, во љубовта. Во Духот и во

вистината која е Исус, тоа подразбира да нѐ

движи Исус. Да нѐ научи да се движиме, приближиме кон Отецот на духовите. Кога

Исус вели остави сѐ земно и врви по Мене, мисли на телесноста. На земните врски. Врви

по Исус и научи да одиш по Духот. Син Божји е

оној кој го води Духот Божји. Проповедник

8:8.

„Ниеден човек нема власт над Духот, за

да го подржи Духот и нема власт над смртниот

ден“.

Да се посетиме: Духот на мудроста, Духот Утешител, Духот на Вистината, Свет Дух

кој осветува, Исусов Дух и сето тоа е љубов.

Така се разликуваат Духовите. Сѐ што е љубов

е од Исус. Сѐ што не е љубов е телесно, сатанско, паднато. Дух на љубовта. Исус и

Отецот наш да направат сокровиште во твоето

срце. Ако останеш во словата. Словата се

31

духовни. Тоа значи да останеш во Духот. Во

еден Дух со Него. Пишано е:

„кој се соединува со блудница, еден дух

е со неа“.

Се мисли на држава, црква, жена, организација. А ти биди напоен во Исус во

еден Дух со Него. Тоа значи да му дозволиш да

владее, управува од твоето срце, да се

распламти твојот дух во Духот на љубовта и да

пламтиш во истиот Дух, распламтен Дух

Исусов во тебе. Да бидеш едно, заедно со Него, Отецот на Духовите, да го разбудиш во себе

внатрешниот, духовен човек, твоето тело

духовно и да тргнеш во духовно, љубовно

движење кон Царството небесно. Да го бараш

најпрвин Царството Божјо е патека на

љубовта. Да љубиш во Духот како Исус сѐ.

Духот е сопственост на Отецот небесен и ти

така

се

враќаш

во

Неговата

љубов,

сопственост,

владеење,

кај

нашиот

многутрпелив и многумилостив Татко кој

никогаш не сопира да нѐ љуби и возљубува.

32

Љубовта е Дух и живот вечен. Амин до Божјо

царство небесно...

Пишано е:

„Кој ќе поверува и ќе се крсти, ќе биде

спасен!“

Слава ти Исусе. Уште да утврдиме што

значи да се поверува и во кого и во што се

верува? Што значи да се крсти и да биде

спасен? Спасен од што? Од својата нељубов, од

самиот себе, од грешната, паднатата, човечка, сатанска природа!

Се работи за себе-спасение преку Исуса

Христа. И ете сме пред:

„ќе поверува и ќе се крсти“?!

Да поверуваш, да веруваш, да се дадеш

во доверба,

во „свадба“ меѓу младо-

женецот(Исус) и невестата(ти и црквата). Да

му се предадеш во владеење, Исус да те

управува и учи на љубовта.

Дали кога имаш проблем трчаш кај луѓе

или одиш право кај Исус? Во кого веруваш и

33

си поверувал? Во кого имаш верба и доверба?

И што значи да се крстиш? Некои се крстат со

раката вулево, вудесно, некои како бебиња во

вода, некои на зрели години во водата и со

озвучен збор дека го прифаќаат Исус и се

потопуваат. Зошто постојат болести кај

христијаните ако се спасени? Исус ни вели

дали можеме да се крстиме со крштението со

кое Он се крстил? Се откажа од Божјата

природа, стана слуга, плати за нашите гревови, го распнаа, ја исполнуваше волјата на Отецот

небесен. Раскрсти со себе си. Се предаде на

Отецот за сите нас. Го понижуваа и распнаа на

крстот.Од Син Божји стана човек. А ти треба од

човек да станеш Син Божји. Да се крстиш со

крштението Исусово со оган и Свети Дух. Да

поверуваш е да се предадеш на вера Исусова, во доверба, да се довериш. Да се крстиш значи

да се оставиш себе си на крстот Христов, да

раскрстиш со стариот грешен ти. Да бидеш

спасен значи да го живееш Исуса и Неговата

љубов. Кој ќе поверува?! Верата твоја те спаси.

3 4

И ќе се крстиш, го оставаш телесното, имаш

родение

во

Духот

Свети,

новороден,

Богороден, Христороден, нов во Исус. Да

бидеш спасен од себе грешниот во духовен

молитвен војник Христов. Поверува, крсти и

спасен е процес на умирање на грешниот човек

и воскреснување, премин од темнина во

Исусовата светлина. Претопување, осветување, прочистување

и

крстен,

раскрстен,

раскрстуваш со гревот. Себе се оставаш на

крстот и се облекуваш во Исуса Христа...

Амин...

Божја вера. Исусова вера. Доверен си и

имаш доверба во Отецот небесен, дека Он се

грижи за мене, за тебе, за Исуса, за сите. Кога

си болен имаш тест на вера, да оздравиш, да

надраснеш со Духот. Вера е премин од тело во

Дух. Премин во сила Исусова, да се

преполниш, да се распламтиш со Духот на

Отецот, да се просветлиш и осветиш.

Пишано е:

35

„Бидете свети оти Јас сум свет“.

Така ни вели Исус. Вера е премин од

телесниот во духовниот човек. Дејство во сила

Исусова. Внимавајте, велми сомнежот ја

отфрла верата. Доверен, доверба во доктор, во

луѓе или во Исуса!? Исповед на вера. Дејство

во вера. Чекор во верата. Слово со вера.

Изговор со вера. Тоа е рама, рема, д-рама на

животот и смртта. Меч на Духот. Што вели

словото, велиш ти, правиш ти. Во словото

остануваш. Остани во словото. Пишано е дека

ако останеш ќе бидеш Исусов ученик. Дали го

живееш словото? Дали словото е живо во тебе?

Дали си во Него, во Исус? Дали живееш во

словото и според словото. Во единство, еден

Дух со Него. Во едно Духовно тело. Дали

изговараш со вера според словото? Вера-верник – верување – доверба - довереник, провера, Исусова вера. Исус да ти ја даде Неговата

вера. Ако сте едно и заедно со Него.

Препуштен во Отецот Дух и вистина

победуваш сѐ. Дури и смртта. Дури и смртта.

3 6

Те љубам Исусе. За навек Исус. Во секого Исус.

Во сечие срце Исус.

Како се однесуваш со словото на Отецот, така остануваш во Него. Негов ученик си.

Добиваш живо слово во Дух. Дали словото е

вистински живо, оживува во тебе и во твоето

срце? Тогаш и ти си жив и живееш во Јагнето

и Отецот. Тогаш избираш живот и се враќаш

во својата вистинска духовна природа и ја

победуваш смртта. Нели и Исус ја победи

смртта. И ти победи ја најсетне во себе. Оживеј

со слово во твоето срце. Биди љубов, мир, трпение, милост, радост, правда во Дух и

вистина. Биди Исусов жив камен во црквата. И

покажи дека си жив во љубовта кон сите. Дека

не си мртовец кој ги погребува своите

мртовци. Дека животот ја победува смртта, најпрвин во твоето срце, ум, душа и дека се

претопуваш во љубовта.

Како се однесуваш со словото и во

словото? Дали е тоа вистински преку Исус

37

оживеано во твоето срце? Дали Исус и Отецот

имаат сокровиште во тебе? Живеат, живи се и

ти си жив во себе?! Кој живее во тебе е опит на

живот или смрт? Ти мртвиот, паднат, телесен, или Духот Исусов, Утешителот, со силата, љубовта,

мирот,

трпението?!

Дали

си

вистински Син на небесниот Отец, Седржител, Создател на сѐ? Дали живееш во тоа живо, духовно, исцелително слово Исусово? Исусе и

само Исусе.

Принцип на жива река од твојата

утроба. Штом се отворам и работам за Него, за

Исус, Отецот мој, за царството небесно, секогаш слегува нова вистина од Него во

Духот. Штом постам и зборувам, сведочам од

слезеното слово Исусово во Духот, доаѓа ново

учење, проповед, ново живо слово. Така

порано пишував книги и драми, а тие слегуваа

една по друга од Исусовата ризница на

небесата, за да ме научи на принципот на

3 8

живи реки од утробата. Јован 7:38 И секако

дека љубовта никогаш не престанува.

„Кој е жеден ќе му дадам да пие од

живата вода дарум!“ Јован 4:1-15

Дали си жеден, беден за Дух, брате и

пријателе? Царството небесно е на бедните и

жедните по Дух! Блажените кои умираат во

Исуса. И се раѓаат во Него. Ритамот на

слезеното слово има мир, складност, збороред

на љубовта и сила да исцелува ако го отвориш

срцето. Се препознава таа духовна радост во

словата, живата вода Исусова низ нас и од

Отецот и упреку нас, така се садови за

секојдневна или свечена, Негова употреба. Ти

биди сад на љубовта, Исполни се сиот во Исус

и прелевај, прелевај љубов...слава ти Исусе...те

љубиме мил Исусе.

Чувство на минливост. Привременост.

Нетрајност. Дека треба да заминеш. Да се

разделиш. И состојба на вечност. Живот и

смрт. Велми што е вечно, Исусовата љубов.

3 9

Дали си во Неговата вечност или во твојата

несовршена минливост и краткост. Каде

припаѓаш, живот во Него, во Исус или во

својата смрт? Што избираш, себе си во смрт

или Исусовата љубов? Вечна е само љубовта на

Отецот наш, кој е самиот љубов, и тоа не е

чувство туку природа. Друга вечност нема. Сѐ

друго е минливо и привремено.

Пишано е дека Божјото царство не е

јадење и пиење, туку: правда, мир и радост во

Светиот Дух. Дали си во мир, оправдан во

Неговата праведност и во радоста на Духот во

Отецот небесен? Дали пребиваш во Него, во

Неговата љубов? Дали имаш мир во Него?

Дали си себе-праведен или си во Неговата

правда? Состојба на смрт, на минливост, на

слабост во тоа што си сега без Исуса, или

состојба на пребивање во љубовта?! Во вечна, непрекината

љубов,

која

никогаш

не

престанува. Дај му сѐ што имаш на Исуса. И

онака си создаден и си создание и ништо не е

твое. Отвори го срцето, остани во словата

4 0

Исусови, и претопи се, усоврши се во љубовта.

Избираш живот или смрт. Ти си секако во

смртта и минливоста таков каков што си, паднат на земјата без Исус. Избери љубов, мир

правда, радост и Царство небесно кај твојот

вистински Отец, Татко и Создател. Влези во

вечниот живот на љубовта. Соедини се, влези

во Дух, во Исусовото духовно тело. Во вечноста

и љубовта. Соедини се, претопи се во Него.

Пламенен Дух на љубовта. Само љубовта на

Отецот е вечна. За навек Исус во срцата ни.

Каков однос имаш со Исус Христос и

Отецот небесен? Пријателски, се плашиш, роднини сте, во доверба и верба? Дали словото

Божјо е вистина во тебе, и е живо и е поостро

од секаков меч!? Дали имаш вера, Божја вера и

верба во Бога? Што значи да бидеш

новороден? Мора сетне да умреш ти, телесниот

стариот човек, Исус вели: „старото помина“, и

да се распламти Духот во тебе. Застани пред

41

Отецот во покорност и понизност и барај?!

Што да бараш? Како словото да ти оживее и да

остане во твоето срце?! Колку време мислиш

на Исус во текот на денот? Го бараш ли

царството небесно за сѐ да ти се придодаде?!

Работиш ли за Исус и царството небесно или

само за себе?! Како словото да оживее во тебе?

Како да останеш во словото како Исусов

ученик? Како постапувал Исус така прави, дејствувај, љуби и ти! Како да станеш еден Дух, едно тело со Него? Близок ли си со Него? Го

молиш ли? Го љубиш ли? Ги пасеш ли

јагненцата Негови? Има ли граница меѓу тебе

и Исус или сте навистина едно и заедно?

Прашање за твојот однос со Исус и Отецот

небесен? Опити за живот или смрт?!...

Насекаде Исус.

Без вера не е можно да му се угоди на

Бога! Пишано е да му се спротиставиме на

сатаната со тврда вера. Исто така и сѐ е можно

42

за оној кој верува. Вера е да веруваш во тоа

што сѐ уште не го гледаш и не се остварило.

Вера е исчекор од телесниот човек во духовен, во Син Божји кој го води Духот Божји. Пишано

е да имаме Божја, Исусовата вера! Ѝ велиме на

планината со вера како синапово зрно да стане

и да се фрли во морето! И не се сомневаме и

таа ќе се фрли за слава Исусова. Кој се сомнева

во тебе? Ти кој си во Исус или ти кој си без

Исус? Вера - невера. Сомнеж, сатански дел во

тебе кој не си го предал на Исуса!? Кој се

сомнева, не добива ништо! Пишано е. Тогаш

си бран кој се разбива во брегот. Вера е

исчекор во духот во духовен човек. Еве што ни

вели Исус:

Не плаши се, само верувај. Верата твоја

те спаси. Нека ти биде според верата. Кога ќе

дојде Исус во второто пришествие ќе најде ли

вера на земјата?

Каков е тој верник без вера? Не –

верник. Верник, верно, вистинито, тоа е Исус, 43

Он е вистинит и вистината. Имајте вера

Исусова. Марко 11:23

Во секого Исус.

Слободна волја. Право на избор. Дали

избираш

христоќефалност

или

авто-

ќефалност? Дали волјата е Негова или твоја?

Дали јадеш од дрвото на познанието на

доброто и злото и самиот знаеш што е добро и

зло?

„Си станал како еден од нас“,

ни вели Отецот и нѐ изгони од рајот и

станавме смртни. Дали избираш понизност кај

Отецот за Тој да те подигне?! Дали ти знаеш и

решаваш самиот или ја бараш Неговата поука, поука и водство во Духот и Неговата волја.

Што си избрал, независност или зависност од

Исус и Отецот? Дали си ја избрал молитвата, мечот на Духот во војната за ослободување на

себе си од телесниот грешен човек? Дали се

облекуваш во сето оружје Божјо? Дали се

соединуваш со Него? Дали сопственоста е твоја

44

или си му предал сѐ и му припаѓаш на Исус?

Дали Исус е сопственик на тебе? Те води и учи

по тесната патека што води кон живoтот. Дали

дозволуваш Негово водство или тераш по

свое? Автоќефалност или Христоќефалност?

Ти што сакаш или Неговата волја? Дали го

бараш Царството Божјо кое се освојува со

Неговата сила и Неговата волја?! Дали си

Христов или своеглав, дали војуваш со

молитва, дали постојано мислиш на Него, бараш помош од Него или кога ќе ти згусти?

Чиј си? Зошто си овде, паднат на земјата?

Зошто живееш? Кој ти дава живот? Кој те

создаде? Кому му припаѓаш? Со кого и во едно

тело и Дух? Со Исус или со себе, паднат, телесен и грешен? Што си избрал себе си или

Исуса? Тоа е важна одредница. Одредува каде

ќе завршиш сетне? Во Него или во себе? Во

вечен живот или во смртта...засекогаш Исус.

Што и да се случува не си сам. Повикај

кон Него. Исусе дојди во моето срце и помогни

45

ми! Избери ја сопствената слабост за да

примиш сила од Него! Кога сум слаб, тогаш

сум силен, вели Апостолот Павле. Славата, силата и царството се Исусови. Со Исус

избираш љубов наместо мраза. Живот наместо

смрт. Здравје нaместо болест. Благослов

наместо проклетило. Слаб си самиот. Биди

свесен за тоа. Сила примаш во Исуса Христа за

да го надвлaдееш, надраснеш и победиш

светот. Да се надвлaдееш себе си, својата

телесна грешност и несовршеност и да се

накалемиш, соединиш во Исусовата сила.

Доволно е за почеток да повторуваш:

„Исусе помогни ми!“

Додека не оживее повикот во твоето

срце. Од срце кон Исус да го примиш во

срцето. Потоа биди едно во еден Дух со Него.

За едно. Тој ќе биде секогаш со тебе да ти

помага да чекориш по тесната патека на

животот. По тесната патека на љубовта. Биди

едно со Исус. Исполни се со Дух и ќе имаш

сила, вера, здравје, радост во изобилие и ќе се

46

прелева. Ќе бидеш Христов, Исусов не само на

лице, туку и на срце. Тогаш ќе пораснеш во

Неговата вера, во Исусовата вера и ќе избираш

живот и смрт во словата на Отецот за себе и за

другите. Научи да го оставаш стариот грешен

човек под крстот и Исус да живее во тебе. Да

живееш со Него. Во Дух и Вистина. Во љубовта

која никогаш не престанува.

Љубовта е Отецот наш и е вечна. Влези

во вечноста во Духовното царство на Отецот

наш, милостив, возљублив и вечен. Така не си

сам. Едно тело и еден Дух си со Него, со Исуса

Христа. И Царството Божјо ќе биде во тебе...

Исус за навек.

Зборот е сила. Лек. Исцеление. Зборот е

Дух и живот и меч на Духот. Двоостер меч. Но, не твојот збор во твојата волја?! Не заборавај, словото без Дух убива и е мртво. Духот

оживотворува. Исусов Дух. Свети Дух. Духот

Утешител. Сила одозгора во која треба да се

облечеш! Во Исус, во нов духовен човек. Збор

47

од устата на Отецот провнат во твоето срце, поверува и затоа зборува. Без Дух и ти си

мртов. Христијанин, а мртов без Дух Исусов во

срцето, со телесни поделби на Исусовото

тело?! Поделени заедници со телесно читање

на Светото писмо. Жив си ако Исус и Отецот

имаат сокровиште во твоето срце. Ако си му ја

предал сопственоста на Отецот небесен. Ако ја

исполнуваш Неговата, не твојата волја?! Ако

си Исусов, не си свој, не си поделена земна

телесна заедница: православна, католичка, протестантска вера? Поделена по национална

основа, со светци и богородично христијанство

или католици со Папа, или протестанти

поделени по телесно читање на словото со

сопствениот ум?

Што избираш, живо слово во срцето или

телесни приказни. Збор, меч кој сече сѐ што не

е од Исус или јалов, мртов, телесен збор кој

убива?! Дали се роди во Дух и одозгора? Го

погреба ли, потопи во водата, стариот телесен, грешен ти... себе си. Исечи го дрвото на

4 8

познанието на доброто и злото! Искорни го од

твоето срце! Не јади од него оти наследуваш

смрт. Јади од живото слово Исусово! Дозволи

му да те направи силен. Дај му сѐ твое. Предај

му сѐ во владение. Сѐ е од Него и за Него

создадено. Сѐ мое е Твое.

Зборот е сила ако е од Исус, не од тебе!

Ако е во Дух и има живот и дава живот на сите

кои ќе се покајат. Во името на Господ Исус

Христос: исцелување, живот, мир, љубов и

бегај од мене сатано со твојот мртов, лажен, неплоден збор, кој ја сее и жнее смртта! За

секогаш Исус. За навек Исус...

Јаде од дрвото на познанието на

доброто и злото. Знае што е добро и зло. Адам

и дрвото. Така ја избираш смртта и си изгонет

од

рајот.

Жед

за

знаење.

Знаењето

возгордејува, а љубова ослободува. Ако го

љубиш Исус ќе се ослободиш. Но, ќе му бидеш

покорен и послушен. Би ви дал уште но, не сум

сигурен дека ќе можете да понесете, им вели

49

Исус на апостолите. Покорна мисла кон

Христос. Он е главата. Он треба да мисли во

тебе. Мислам и чувствувам се твоите

непријатели, твојата волја и ум, твоите мисли

не Неговите?! Нека биде Исусовата волја.

Најтешко е да раскрстиш со себе си и да му

дозволиш на Исус да зборува во Дух низ тебе.

Он да те обликува, калеми и учи. Негово

водство. Или ти самиот знаеш, мислиш, сакаш, пак си кај дрвото на познанието на доброто и

злото и знаеш што е добро и зло. Категоријата

дека го знаеш-познаваш Исус и Неговото

слово те води во гордост. Цитираш, поучуваш

од себе. Велми кој го знае - познал Бог и

словото. Нели нашите мисли и патишта не се

Неговите?! Како си го познал Исус? Во

Коринтјаните, а

„...тогаш ќе знам како што мене ме

познава Господ...“

Нели по нешто знаеме и по нешто

пророкуваме. Лидерите на заедниците без Дух

или во крив Дух ги создадоа поделбите!

5 0

Деноминациите. Нели црквата е една и е на

Исуса? Тоа е човечко знаење, „познавање“ на

Отецот! Директно од дрвото на познанието на

доброто и злото. Биди гранка накалемена на

Него. Не знам, не можам, немам сила самиот.

Но, со Исус можам сѐ. Не мислете превисоко за

себе, зошто, како, дали?...Исус нека мисли во

вас. Држете го Исус во умот. Не барајте да

знаете, туку да љубите. Љубовта го надминува

секое знаење. Исус е глава и ум, а ти си должен

да служиш со љубов. Јадат леб и вино и се

капат во водата. Надворешно обрезание. Он ни

вели за внатрешно обрезание во срцето. И го

толкуваат словото телесно. И го поделиле

Исус. И се натпреваруваат во „знаење“ на

словото. А не умеат да љубат. Слово без Дух во

тело е мртво и убива. Живо слово е слово

Исусово. Не од твојот ум и чувство. Он, Исус да

зборува, мисли, дејствува, во тебе. Така си еден

Дух, едно тело со Исуса и Отецот небесен...

Засекогаш Исус.

51

Што избираш? Да офкаш, да лелекаш, да обвинуваш или да се бориш? Земи го сето

оружје Божјо и мечот, мечот на Духот и

спротистави се со тврда вера. Речи не на

сатаната! Застани до Исус, повикај сила, ангелска и небесна. Што избираш, пораз во

себе или победа во Исуса Христа? Живо слово

нека екне во срцето. Бегај од мене сатано во

името Исусово! Дали ја избра молитвата? Дали

избра слово со вера на синапово зрно за да ја

префрлиш планината? Дали избра да се бориш

со тврда вера во молитва или ја прифати

слабоста? Дали го избра Исус за свој Господ и

Спасител? Дали му предаде сѐ Нему? Сѐ што

имаш, сопственоста? Ние зборуваме за

припадност. За сопственост во Исус. За

препуштање на водство на Исус во тебе! За

непрекината, вечна, неограничена врска со

Исуса. За соединување со Него. За пребивање

во домот на Отецот небесен, пребивање во

љубовта. За заедништво каде што глава е Исус, едно тело телесно и духовно, една љубов, една

5 2

вера... и волјата негова во твојот живот. Со

возобновен ум, да ја разбереш волјата Исусова

за тебе. Така се станува Син Божји, кого го

води Духот Божји. Со покорност и послушност

кон Отецот небесен. Дали си спремен да се

откажеш од себе си и да му се предадеш на

владение на Исуса? Тоа е таа тесна патека, да

се родиш во Дух и одозгора, па да го оставиш

телесното, паднатото, сатанското. Да се

оставиш себе си, телесниот, грешен човек и да

примиш Дух, роден одозгора, новороден со

возобновен ум и нов Исусов идентитет, суштествување. Велми од син сатански-човечки да станеш Негов син, Син Божји, Син

на Создателот, син на Таткото небесен....Амин.

Тесен е патот што води кон животот и

малкумина го наоѓаат. Широк е патот што

води во пропаст и мнозина минуваат по него.

Како да не се погреши патот? Исус ни вели:

„Јас сум патот!“ И додава:

„вистината и животот!“

5 3

Мисли на Него. Он е пример, образец

како да постапуваме и да се однесуваме!

Дозволи му да се всели преку твојата вера во

срцето! Дозволи му да ти даде сила, да те

направи силен! Да те научи да пребиваш и да

победуваш во љубовта. Дај му водство и

сопственост во твојот живот. Нека биде Твојата

волја, рече Исус во молитвата кон Отецот. Чија

волја живееш и исполнуваш? По кој пат

врвиш? По твојот широкиот или по Неговиот, Исусовиот, тесниот што води кон животот.

Каде води патот, во живот или смрт? Дали си

непокорен, непослушен кон Отецот небесен?

Од тоа зависи, е условено твоето здравје и каде

ќе завршиш? Чија волја исполнуваш? Две

волји има: телесна-сатанска- падната- твоја и

Неговата волја. На Отецот небесен. Треба да се

покаеш, понизиш, покориш, да молиш да ја

разбереш Неговата волја во твојот живот. Не

ти што сакаш, што си наумил, намислил. Он ќе

ти каже, ти играш во Неговата драма на

животот и смртта. Во зборовите има живот и

5 4

смрт. Што ќе избереш тоа ќе добиеш?! Исус

или себе си? Себе си е телесен, паднат, непокајан, непокорен, јадеш од дрвото на

познанието на доброто и злото, син човечки, син ѓаволски (1Јован). Тоа е раскрсница на

патот по кој врвиш! Исус ти вели остави сѐ

земно (телесно-ѓаволско) и врви по Мене.

Дали врвиш по Него, по Исус или врвиш

по себе? По кој пат врвиш е одлука, избор за

живот

и

смрт!

Нема

средина.

Нема

независност. Или си со Исус или си со ѓаволот, (телесен, паднат, грешен). По кој пат врвиш, по сопствениот, широкиот или по тесниот, Исусовиот? Тесен е патот на љубовта, треба да

се свиткаш, да клекнеш, да внимаваш и да

живееш и да победуваш со љубовта. Исус е во

тебе. Ти дава сила да надвладееш и да

истрпиш сѐ. Дозволи му да се всели преку

верата твоја во срцето. И врви по Него. Тесен е

патот Исусов. Но, води кон живот вечен. Не го

заборавај тоа. За секогаш Исус...

5 5

Тврдо срце. Тврдокорно срце. Во срцето

да разберат да се покајат и да ги исцелам, ни

вели Исус. Чисто срце да го видиш Бога. Тесно

ви е во срцата ваши. Нема место за никого во

твоето срце, само за тебе?! Да се всели Исус во

срцата ваши. Да направи Исус со Отецот

сокровиште во твоето срце. Велми кој живее, што живее во срцето твое? Имаш ли доволно

љубов за сите? Што излегува од срцето

човечко: злоба, нељубов, омраза, гнев, завист, љубомора...Кој си тогаш ти без Исус? Што си?

Што те осквернува, она што влегува во тебе

или она што излегува? Од твоето срце. Кој

живее во твоето срце? Што излегува од тебе: љубов, мир, трпение, радост, кроткост или

гнев, јарост, осудување, непростување...? Дали

ги љубиш сите? Им прости ли на сите? Никого

ли не осуди? Дали се покаја и работиш и

служиш на Исуса Христа? Дали од твоето срце, блика, клокоти, грга живата вода на Исусовата

љубов? Кому му служи, припаѓа твоето срце, на тебе или на Исуса? Со срцето да разберат, та

5 6

да се покајат и да ги исцелам.(Исаија).

Разбираш ли со срцето дека без Исус, немаш

доволно љубов ниту за себе и блиските, а

камоли за „ближниот свој“ и другите. Не

заборавај кој е твојот ближен. Секој кој е во

потреба. Исус е во секого од нас. Ние сме едно

тело. Делови сме еден на друг. Тврдо срце, да

омекне, да се раствори во Исусовата љубов.

Чисто срце да се исчисти од сета нељубов во

него. Тесно срце да се прошири во Исусовата

љубов. Исусе дојди во моето срце и помогни

ми! Научи ме да ги љубам сите, да пребивам во

љубовта. Направите сокровиште во мене со

Отецот небесен. Отецот не нѐ гледа на лице, туку на срце. Кој живее во моето срце? Стариот

јас без љубов или Отецот и Исус со љубовта

која никогаш не престанува. Тоа е тоа што

треба да го разбереш, научиш, знаеш во

срцето: да ги љубиш сите како што се љубиш

себе си. Така си едно тело во заедницата

Исусова. Така си исцелен, здрав, и си дел, жив

камен во црквата на Исуса Христа...друга

57

црква нема...слава ти Исусе...те љубиме мил

Исусе.

Исус ни вели: „... остави ги мртвите да ги

погребуваат своите мртовци...! И врви по

Мене!“ Исус е патот, вистината и животот. Без

Исус си во смртта. На едно место ни порачува:

„Тие се телесни и немаат Дух“.

Телото без Дух е мртво. Духот оживува, а

телото е смртно. Кој сее во телото ќе пожнее

смрт. Исус ја победи смртта и ги има

клучевите од адот. Исус воскресна. Без Исус си

во смртта. Он нѐ нарекува синови на

воскресението.

„Тие не можат повеќе да умрат“ - вели

Исус.

Павле сака да умре. Илија исто така и

Јона. Првата смрт, телото оди назад во земјата.

Душата со Духот пред Исус на суд. Матеј 12:18

Втората смрт е низ огнот на љубовта. Има ли

трета смрт? Да умре стариот човек на крстот

Христов и да биде Христороден. Ново роден.

5 8

Остави ги мртвите да ги погребуваат своите

мртовци. Мртви без Дух. Без Исус. Без љубов.

Пишано е дека словото убива, а духот

оживотворува. Мртво и живо слово. Живи

умрени. Без љубов и без Исуса, без Дух тоа е

мртвило. Луѓето пеат:

„Христос восресна од мртвите. Со

смртта, смртта ја победи!“

А, штом некој се престави пред Исус, плачат,

ридаат,

корнат

коси,

прават

идолопоклонство кон смртта. Исус ни вели да

го бараме најнапред Царството Божјо и сѐ ќе

ни се придодаде! За да одиме горе, мора да се

ослободиме, да го вратиме телото во земјата, да умреме со телото да се возобновиме во

духовниот човек. Пишано е дека и мртвите ќе

бидат судени од книгата на животот. Какви се

тие мртви кои не се мртви? Зошто им се суди

ако се мртви? Дали сѐ уште се плашиш од

смртта? Исус вели:

„Смрт каде ти е осилото? Пеколу, каде

ти е победата?“

5 9

Исус беше распнат и ја пролеа својата

крв за секого од нас и плати за нашите

гревови, умре и воскресна. Воскресна, ја

победи смртта! Ги има клучевите од адот и ни

дарува живот вечен. И Исус ни вели:

„... кој верува во Мене и да умре ќе

живее...“

Веруваш ли во Исус? Спремен ли си да

умреш за да живееш? Првата смрт. Или

последната. Да умреш стариот ти и да се

новородиш во Исус! Да умреш со телото и да

оживееш со Духот! Да живееш живот вечен. Да

бидеш Син на воскресението. Првата смрт во

телото, втората смрт низ огнено езеро, низ

езерото на љубовта. Третата, смрт да остане

телесниот, безљубовен ти, паднатиот на крстот

Исусов, Последната смрт на гревот. И да се

претопиш во љубовта да оживееш и да живееш

во Исуса Христа. За навек Исус.

Верувам во Исус Христос, мојот Господ и

Спасител. Вера, довера, доверба. Останете

6 0

верни во Исуса. Без вера не е можно да му се

угоди на Бога. Преку вера Исус да се всели во

нашите срца. Вера колку синапово зрно. Вера, да не се сомневаш, поверува и затоа зборува, сето тоа се делови од живото слово Исусово. И

понатаму. Верата твоја те спаси. Нека ти биде

според верата. И според верата бидува сѐ во

твојата животна драма. Сѐ е можно за оној што

верува. Сѐ...

Дали веруваш во Исус? Што значи тоа

да веруваш? Аврам му поверува на Бога и се

нарeче пријател Божји. Го однесе својот долго-очекуван син Исак да го жртвува, велејќи:

„Господ ќе намири!“ Веруваше дека за Господ

сѐ е можно. Дека ако го заколе синот, Господ

ќе го воскресне и оживее. Доверба, поверение, верба. Верата е сила Исусова во тебе која

дејствува, се остварува и се отелотворува. Исус

знае што прави во мојот живот, сите грижи му

ги предавам Нему и имам доверба во Него.

Верба и доверба во Исус. И се разбира да не се

сомневаш оти така не добиваш ништо. Ако

61

поверува и не се сомневаш ќе биде сѐ во Исуса.

Ако се сомневаш, во кого се сомневаш, во Исус

ли, сомнежот е немање вера.

Петар чекори по водата и се посомнева

и тоне и вели :

„Помош Господе!“.

Исус му договара со: „Мало-вернику!

Зошто се посомнева?“ Верувам во Исус, значи

дека Исус живее во мене. Останувам верен и

доверен во Него што и да се случува. Со вера

му угодувам на Исус. Барам вера Исусова во

мене. Исус ни вели :

„Имајте вера во Бога“.

Божја вера. Исусова вера. Преку вера

Исус се населува во срцата. Спротиставете се

на сатаната со тврда вера. Пред тоа вели

покорете се на Исуса. Земи еден стих, нека ти

оживее во срцето, држи се до него, живеј и

верувај по него. Синапово зрно и планината

која се фрла во морето. Зборување во вера е

живо слово Исусово. Верата спасува. И бидува

сѐ според твојата (Исусовата) вера. Сѐ е можно

62

за оној што верува. Му поверува на Бога, Аврам и стана пријател Божји. Му се довери и

врати во сопственост и владение. Верувам во

Господ Исус Христос. Тоа е препушање и

водство од Исус во тебе. Он да те води, накалеми на себе да даваш многу род, да те

учи, воспитува, да му се предадеш, довериш во

сопственост и управување.

Вера во Исус значи едно тело и Дух со

Него. Он е главата и нѐ води, а ти си жив камен

во Неговата духовна заедница и сонаследник, Син Божји по тесната патека на љубовта...

Амин.

Татко мој кој си на небесата. Отец, Татко

на небесата и ние на земјата? Пишано е дека

сатаната е фрлен, паднат на земјата. Зошто

мојот Татко е на небесата, а ние (јас) сме на

земјата. Што треба да направам за да се вратам

на небесата? Го сакам ли тоа? Го барам ли

царството небесно за сѐ да ми се придодаде?

Како се бара царството Божјо? Пишано е дека

63

царството Божјо е во нас внатре! Исус е

царството небесно. Јован вели дека се

приближи царството Божјо, кога Исус доаѓа

пред него. Раб, слуга, сотрудник, сонаследник, пријател Божји, Син Божји. Татко и Син.

Загубен,

заборавен

однос.

Покорност,

припадност, послушност, Неговата волја. Или

вавилонец, Каин, Адам, сатана, себељубие, непокорност, непослушност. Соединување, враќање во Неговата љубов.

Каков однос имаш со Отецот небесен?

Дали му се обраќаш преку посредник, „светец“, кој се моли за тебе, дали му се обраќаш како на

далечен Бог или одиш пред Него како детето

пред својот Татко. Отец, Татко. Ќе викаме Ава

Оче кога ќе дојде Духот во нас, пишано е. Исус

му се обраќаше со: Оче и Татко, зошто тогаш

ти сѐ уште велиш: „Боже, Господе?!“ Нели Исус

е образец, патека за следење, начин на

однесување. Во Евреите 12:9 се вели:

„...да му се покориме на Отецот на

духовите за да бидеме живи...!“

64

Покорност значи, повторно враќање во

Дух и преплавување со љубов. Живеење во

љубов. Во псалмите пишува дека „кој се надева

на Севишниот, пребива во домот на нашиот

небесен Отец“. Татко и син. Вечна Љубов и

повратник, ученик во љубовта. Врати се во

Дух. Врати се во љубовта, мирот, силата и

вечноста. Врати се кај Таткото на духовите.

Татко мој небесен, се враќам пак кај Тебе.

(Таква песна слезе од небесната музикотека на

нашиот Отец небесен и ја пееме. Еве линк: https://youtu.be/H6iw3MAJl6Y)

Како се застанува и враќа пред Отецот

небесен? Како дете пред својот возљубен

Татко? Застани пред љубовта. Отвори го

срцето. Исчисти го во Дух за да го видиш Бога?

Ах, колку си нѐ возљубил Татко небесен? Мојот

Татко е семоќниот Бог! Он ме создаде и ми

дава слободна волја за да ја изберам љубовта.

Да го изберам Него, Исуса и љуби го својот

ближен како себе си. Ја избирам Твојата

љубов, Оче небесен, Исусе дојди, насели се во

65

моето срце и помогни ми! Го барам Исус и

Царството небесно кое нема крај...

Сакам, мислам и чувствувам се дејства.

За тебе или за Него. За Исуса. Јас сакам ова

Господе! Мислам вака! Си се фатил за тоа што

го сакаш како кучето за коската и не пушташ и

не попушташ. Нели Исус му вели на Отецот

небесен:

„ Не како што сакам јас...“

И го рече токму спротивното:

„...нека биде Твојата волја Татко мој!“

А, ти што сакаш да биде, твојата волја

или Исусовата? Твојата волја или волјата на

Отецот небесен. Нели во молитвата на

маслиновата гора Исус вели:

„Татко мој!“( Различно од Господ).

Тоа е веќе роднинство. Му се обраќа со

Оче, Татко мој, Твое е царството, силата и

славата... ете чии биле тие, не се наши и

волјата не е наша, оти Исус вели да биде

Неговата, Татковата волја. Волја на Отецот на

66

небесата. И не само тоа, сѐ што имаш ти си

примил од Него. Ти си создаден и создание, не

си сопственик на себе си, имаш слободна волја

да го избереш Исус, да живееш како Него, да

победуваш сѐ што доаѓа со љубовта, љубовта

која е вечна и никогаш не престанува. Велми

Отецот наш е љубов и е љубовта.

И ете ќе сетиш и разбереш во времето на

милост дека и силата не е твоја, дека си

примил сила од Него, си паднал на земјата и

имаш малку време, и ќе сетиш дека и славата

не е твоја, туку Негова и Царството небесно кое

крај нема. Сакам, мислам, чувствувам се

тројцата јавачи на Апокалипсата, кои ако не се

покорат и примират те носат во адот. Наместо

тоа треба ти да му се покориш на Отецот за да

живееш и оживееш во Исуса Христа. Ама, јас

мислам вака. Не, не мисли на ништо освен на

Исуса. Него задржи го во умот и мислите. Ама

јас чувствувам...не чувствувај, имај љубов како

основно чувство за да ја разбудиш својата

вистинска природа. Љубов кон сѐ. Ама јас

67

сакам...? Сакај и моли се да ја дознаеш

Исусовата волја за тебе и љубените за да

примиш сила да се задржиш и укрепиш во

љубовта. И затоа треба да постапуваш како и

Исус.

„Оче ако може да ме одмине, оваа

чаша?!“ ни вели Исус.

Чашата е горка. „Но, не како што сакам

јас, нека биде Твојата волја!“ Додаде. На Петар

му вели:

„Зарем да не ја испијам чашата и

волјата на мојот Отец?“ А ти што велиш: сакам, мислам, чувствувам?... Јуриш, јаваш

кон апокалипсата или се радуваш и ја

извршуваш волјата на Отецот на Духовите.

Таму на раскрсницата меѓу животот и смртта...

засекогаш Исус во срцата наши, Амин...

Да мислиш дека го знаеш словото и Бог

не е добра состојба. Тоа те возгордејува.

Знаењето возгордејува, а љубовта надградува и

ослободува.

6 8

„Моите мисли не се ваши мисли и

Моите патишта не се вашите патишта, ни вели

Отецот Небесен.“

Кој го спознал Бог нешто да му каже

или да го советува, или нешто да му даде, пишано е? Јован и Павле велат дека не се

достојни за Него, а ти што велиш за себе? Му

дозволуваш ли Он да зборува низ тебе и да те

учи. Он да ги врши делата од тебе, во тебе и

низ тебе. А ти биди сад кој треба да се исполни

со Дух и љубов. Да го знаеш Бог Отецот значи

да знаеш да љубиш како Исуса. Да го даваш

својот живот за овците и да служиш. Да се

распнеш на крстот, да раскрстиш со стариот

себе, да умреш и да се родиш одново во Син

Божји. Да бидеш како Исус. Да го живееш

Исус-овото. Да живееш Негов живот на

љубовта. Римјаните 5:10 (...ќе се спасиме преку

Неговиот живот, откако сме се помириле...) Не заборавај дека треба да бидеш мало

дете за да влезеш во Царството небесно и да

доаѓаш кај Него. Дете кај Таткото. Детето не

69

знае, го учи и води Отецот во Духот. Така

вашиот однос ќе има: почит, покорност, зависност и љубов кон Таткото. Да му се

покориш на Отецот на духовите и да бидеш

жив, оживеан, новороден во Духот Утешител.

Не заборавајте дека Исус не изусти ниту еден

збор од себе и не изврши ниту едно дело сам.

Исус не знаеше. Зборуваше Духот на

Вистината и Создателот, Духот на нашиот

Отец низ Него. Исус не зборуваше од себе.

Туку од оној што го пратил и Он ги вршеше

делата. (Отецот небесен во Дух и вистина).

Обрнете внимание на врши дела, дејство, не

пее само песнички и мисли дека е спасен

еднаш

засекогаш.

Спасението

не

е

загарантирано само од декламиран, озвучен

збор, туку да ги вршиш делата на законот.

Делата на љубовта. Ако го знаеш Бог, Отецот, Исус и словото. Тогаш знаеш да пребиваш, да

бидеш љубов. Знаеш да љубиш. Дали ги

љубиш сите како себе си? Како Исус? Ако

одговорот е не, тогаш не знаеш ништо, ниту

7 0

Бог, ниту словото, штом не умееш да љубиш,

„како што Јас ве возљубив“- вели Исус.

Знаењето

возгордејува.

Љубовта

ослободува. Синко не знаеш ништо кога

мислиш дека знаеш?! „Мојот народ гине од

незнаење“, вели Исус. Исусе дојди во моето

срце и помогни ми да научам да љубам.

Почетна позиција, стапка на тесната патека

која води кон Отецот на небесата. Кон вечниот

живот.

Пишано е:

„...да се покаеш, па да бидеш

исцелен!...“ Отецот небесен ни порачува: „Со

срцето да разберат, да се покајат та да ги

исцелам!...“ - запишал нашиот Татко небесен.

Зборуваме за свест и свесност за

грешноста во нас. Луѓето не мислат дека се

грешни, ми велат не сум убил никого, а велми

нељубовта е убиство кон другиот. Кој не го

љуби братот свој е човекоубиец! Си го љуби

гревот. Си живее во него и со него, со гревот.

71

Зборуваме за грешна, телесна, природа. Да

уживаш да владееш, да завидуваш, да мразиш, осудуваш крадеш, грабаш...ти да бидеш над

сите, ти да владееш, тебе да те слушаат, служат

и слават!? А Исус дојде да биде слуга на сите.

Да ја плати сметката за сите нас. За нашите

гревови на паднатата природа од Дух во тело.

На нељубовта во нас. Себељубие - нема

доволно љубов за никого друг. Само за себе си.

И нема грев. Или еднаш спасен - засекогаш

спасен, како доктрина подметната од сатаната, што ги гордее до врвот на кулата вавилонска.

Идолопоклонство кон себе обожување. Исус

дојде да плати за нашите гревови и да ни

послужи, а ти не го признаваш долгот, гревот?

Без вистинско покајување нема исцелување.

Законот за наплатата без Исус е:

„око за око, заб за заб“!

Велми сѐ што си им правел на другите, ќе ти се прави тебе. Отплаќаш преку себе си.

Материјализација на гревот се болестите.

Аларм во телото да се разбудиш, покаеш и да

7 2

бидеш исцелен, а дури потоа спасен. Или

сакаш да бидеш исцелен и здрав и да се

вратиш на уживањето на стариот човек во

гревот? Чуму исцелување ако одиш пак како

„свињата што се враќа во калта“, да си живееш

духовно мртов по свое. „Покајте се“, повикува

Јован, „Покајте се! Се приближи Царството

небесено!“ А тие горди не сакаат да слушнат и

да се покајат! Потоа доаѓаат: болести, страдања, проклетства и смртта. Наплата за

гревот е смртта. Грев е кога немаш доволно

љубов. Не е случаен зборот горев-грев, на

македонски, човек кој гори, изгорува без

љубовта.

Немаш љубов, дури ни за себе и

ближните, а камо ли за останатите?!

Себељубие, нема доволно љубов за да го љуби

ближниот свој, како себе си. Не умее, не знае

да љуби. Грешен е човекот без љубов. Немаш

доволно љубов, а не се покајуваш, да дојде

Исус да те исцели и да те наполни во срцето, со

љубов за себе и другите. Ближните. Грев е без-7 3

љубие. Горев – грев. Огненото езеро на втората

смрт. Поминуваш низ огнот и гориш со

телесните страсти, самољубието низ огнот на

љубовта. Покајте се. Исус да ве исцели и да го

распламти вашиот дух со огнот на љубовта. Да

ве научи како да ги љубите сите...Во секого

Исус.

Да умреш на крстот за да воскреснеш.

Да оживееш. Тоа значи да се оставиш самиот

себе си, стариот телесен ти и да се облечеш во

Исус. Во мир и љубов. Исус ни вели.

„...Остави сѐ земно и врви по Мене!“

Остави сѐ. Сѐ земно. Телесно. И потоа мисли на

Царството Божјо. На духовното и небесното.

Сите ние имаме по нешто свое врзано во

срцето: деца, жена, роднини, имот, професија, татковина, пасии и страсти. Тоа е она што

треба да го оставиме. Да се одврземе. Да го

оставиме тоа сѐ. Македонија на пример. И

сатаната токму тука нѐ удира, во тоа во што си

врзан, ти го краде од срцето за да те завлече во

7 4

бој, твои битки, без Исуса и да те врзе во

осудување, мраза, гнев и...да возвратиш со

иста мера, наместо да го завртиш и другиот

образ. Да колнеш, наместо да благословуваш, да осудуваш наместо да простуваш, да се

гневиш, скрбиш, да лелекаш...

Остави сѐ земно! Ти вели Исус. А ти? Сѐ

уште се држиш и тегнеш со сатаната. Дозволи

му на Исус да војува во тебе и со тебе. Дозволи

му да те направи силен. Самиот не можеш.

Запомни, пишано е:

„...без Мене не можете да направите

ништо...“

Ништо. Зошто тогаш се обидуваш и

мачиш, потоа лелекаш, се гневиш и го скрбиш

Светиот Дух. Без Духот си мртов. Не војувај

сам. Моли се за водство и сетне остави сѐ. Сѐ. И

врви по Исуса. Дозволи му и ќе те направи

силен. На земјата сѐ е минливо и смртно. Сѐ.

Тоа што треба да го оставиш. Тоа со што те

врзува сатаната на земјата. Само Царството

Божјо е вечно. Љубовта Исусова во која е

7 5

нужно да се облечеш и осветиш. Остави сѐ што

е: земно, минливо и смртно. Често има телесна

болка кога се одврзуваш со тоа што те држи

долу паднат, земен и тоа е: семејство, имот, татковина, работа, спомени, страсти...телесни

страсти и желби, чувства...твојата, а не

Неговата волја. Ние зборуваме да умреш во

себе стариот телесен и да се предадеш во

Исуса, за да оживееш во Духот. Остави сѐ и

врви по Исуса. Тоа е тесната патека на

љубовта... те љубам Исусе... Во секого Исус.

Мирот свој ви го давам. Дојдете при

Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве

успокојам. Тоа е повик преку Исус, покана од

Семоќниот Отец до секого од нас. Дали имаме

уши да слушнеме? Очи да видиме, во срцето да

разбереме, да се покаеме и да нѐ исцели? Некој

вели не сум грешен, не сум убил никого! А

пишано е дека:

„...кој не го љуби братот свој е

човекоубиец...“(1Јован 3:15)

7 6

Непокорност и непослушност кон Бог е

демонска природа. Телесен ум кој не го

разбира духовното. Спротиставен на Отецот, тоа е отпор, затоа ни е одземена силата и сме

паднати на земјата. Не заборавајте дека сме

создадени од кал, прав земна во која е вдахнат

Дух животен и сме станале по Неговата волја

жива душа. На друго место нѐ запишал како

„прав и пепел“. Отпаднат Дух стврднат во

материја. Создадени сме, а Он е Создателот.

Исус во кого пребива Отецот со сета Негова

полнота. Овде сме да се помириме (мир) со

Него, преку Исуса. Со мирот Негов кој ни го

дава. Негов е мирот. Нема мир во светот кај

грешниците. Непокајани, непослушни, горди, паднати, себељубиви... Дали имате мир

сотрудници? Дали пребивате во Исусовиот

мир? Или ве мачат сите грижи на овој нетраен, привремен, минлив свет?

„...Дојдете при мене сите...“,

ни вели Исус. Изборот е наш, личен, да

преминеме од светот во светото, светоста, 77

светлината на светот, Исусова. Да бидеме свети

како Него, ни порачува Исус. Да се осветиме, просветлиме, да пламнеме во љубовта. Да

поминеме од темнина во Неговата чудесна

светлина. Засекогаш Исус. За навек Исус. Исус

напред ние по Него. Вие сте светлината на

светот, ако сте во Исуса. Свеќник на врвот да го

гледаат сите. Да прогледаат, да ја видат

светлината. Мир вам. Носите Христов мир во

срцето. Блага, радосна вест и живот вечен.

Мирот Негов во мене, во тебе, во нас.

„...Дојдете при Мене сите обременети, и

јас ќе ве успокојам...“,

ни вели Исус. Еве сум Господе Исусе

Христе го отворам срцето за Твојот мир и

Твојата љубов... Насекаде Исус.

Немате оти не молите. Така ни вели

Исус. Јаков 4:2 И вели за молитва со вера, без

сомнеж. Вера колку синапово зрно и планина

што се фрла во морето. Што е тоа молитва? Да

паднеш на колена пред Него. Да признаеш

7 8

дека немаш сили и не знаеш самиот. Да

признаеш дека ти треба Неговата помош. Кога

да се моли? Секогаш, постојано, цело време.

Кога се молиш ти? Зошто се молиш? Колку се

молиш? Кому се молиш? Пишано е да влезеш

во својата скришна соба, за да се помолиш

тајно и за те награди јавно. Отецот наш

небесен. Не заборавај да ја затвориш вратата.

Внатре во срцето. Од срце кон срцето, со сета

своја душа и да не бидеш како незнабошците

кои се молат со многу зборови за да бидат

услишени. Оти нашиот Отец знае за што се

молиме, уште пред да се помолиме. Он гледа

во нашето срце. Дали сме понизни и покорни?

Дали имаме тврдо, тесно, споро срце? Молитва

е да застанеш пред Него, да му се доближиш со

вера и доверба. Да паднеш ничкум пред Него

од својот ум и гордоста во покајна молитва.

„Милост сакам“, ни вели Исус.

„...Не сакам жртви!“

Милоста како и љубовта покрива многу

гревови. Молитва на јаве и на сон. Без прекин.

7 9

Од срце. Молитвата не е: поезија, реферат, роман, список на желби, таа е воспоставување

на заборавен, изгубен однос со твојот Татко и

Создател. Не е напишан реферат, не е читање, туку однос кон твојот, нашиот Исус. Што му

велиш:

„слушни да ти кажам јас Тебе Исусе...“ и

список. Протестантите цитраат текстови, нарачки, сугестии, навиваат, порачуваат, советуваат, што тие му порачуваат Нему, со

научени интонации или другите се молат со

напишани молитви од некој друг, кои се

читаат како во читателски, литературен клуб, небаре ти немаш зборови од срцето да му

кажеш: „Прости ми Исусе! Те љубам Исусе!“

Од срце кон срце. Молитва е да го отвориш

срцето и да го поканиш Исус да се насели во

него. Молитва е да ги гушнеш стапалата на

Исус и да му прошепотиш од срце. Молитва

тајна е постојано да се молиш на Исуса, ден и

ноќ. Молитва јавна е меч на Духот, живо слово, духвно зборување. Доволно е да кажеш: 8 0

„Прости, ми те љубам, помогни ми Исусе!“

Застани пред Него. Ничкум. Отвори го срцето.

И моли, замоли, помоли...во Дух и Вистина.

Молитвата е претопување во Неговата љубов.

Премин од грев во љубов. Од тело во Дух.

Амин... Насекаде Исус.

Исус ни вели:

„Остави сѐ земно и врви по Мене!“

Те љубиме Исусе. Но, што е тоа што

треба да го оставам? Што е тоа сѐ? Зошто

морам да оставам сѐ? Исто така ни вели да

мислиме за небесното, а не за земното?!

Собирајте богатство на небесата, не на земјата!

Собирајте во срцата ваши дела на љубовта. Да

оставиш, да се ослободиш, да се одврзеш, да

мислиш и да го бараш Царството Божјо и

ветување дека сѐ друго ќе ти се придодаде.

Оставаш сѐ и сѐ ти се придодава. Велми се

оставаш самиот себе, сѐ она што го сакаш, мислиш и знаеш. И прифаќаш Божја, Исусова

волја во Христа Исуса.

81

Кој остава сѐ, мисли и го бара Царството

Божјо, сѐ му се придодава. Така го избираш

Исус, во Исус и со Исус можеме да направиме

сѐ. Без Тебе не можеме да направиме ништо

Исусе, Спасителе. Исусе те љубиме. Ти си тоа

сѐ што ни се придодава. Синовите човечки се

врзани за себе, за телесното и земното, како да

ќе живеет на земјата довека. Овде сме

привремено, кратко време, во време за милост

да оставиме сѐ и да врвиме по Исуса. Да

научиме да љубиме. Да се оставиме себе си на

крстот, да умреме и да се новородиме во Исуса.

А тие се врзани за: сопствениот дом, жена, деца, работа, својот живот, а животот не е наш, твој, си го добил од вдахнат, дувнат Дух и

имаш малку време да се преродиш. Сѐ што

стои меѓу тебе и Исуса е идолопоклонство. Лик

на ѕверот на кој несвесно, телесно си му се

поклонил. Сѐ она што го љубиш повеќе или

пред Исус, и што стои меѓу тебе и Исус. Ти што

сакаш, мислиш, твојата волја, не Неговата!

Остави сѐ. Сѐ замно остави. Собирај богатство

82

на небесата. Остави се себе си и облечи се во

Исусовата љубов. Потоа роден во Дух врвиш по

Него. Тоа е духовен пат од нељубов во љубов.

Од себе кон Исуса. Од оставено сѐ до сѐ што ќе

ти се придодаде. Го бараш Царството Божјо и

сѐ ти се придодава. Врвам по Тебе, светол

возљубен Исусе...засекогаш Исус.

„Кога сум слаб тогаш сум силен“, ни

вели Апостол Павле. Силен во себе или силен

во Него. Во Исус. Какво заедништво имаш со

Исуса? Обредно, телесно, мисловно или во Дух

и Вистина? Цитраш слова или живееш Исусов

живот? Исус беше последен, беше слуга, го

даде својот живот за браќата! Исус ја

исполнуваше волјата на Отецот небесен. Ти

чија волја исполнуваш? Дали си силен, го

знаеш Отецот и словото, дали си беден, гладен

за Дух или си најаден од дрвото на познанието

на доброто и злото?

Блажени се бедните по Дух, зашто

нивно е царството небесно! Чувство дека си

83

спасен еднаш засекогаш те води во гордоста, која е грев! Знаењето те возгордејува. Ти си

создание, сад, празнотија без Исусовата

мудрост која ти дава сѐ. Живот, здив и сѐ. Ти си

прав земна, кал, без Духот на вистината.

Позицијата дека знаеш, дека си спасен, крстен

во вода, крстен во Дух те прави Вавилонец!? Да

се здобиеш со име, да се искачиш највисоко.

Кој го спознал Отецот и Неговото слово?

Наместо да паднеш ничкум, да се покориш, покаеш, да бидеш слуга како Исус, да бидеш

сад за употреба, да ја извршуваш Неговата

волја и Он да зборува низ тебе. Да бидеш слаб

во себе и силен во Исуса Христа е вистинско

крштение со Свети Дух. Да дозволиш Духот да

те подучува и води и да го прославиш Исуса во

себе. И да викаш:

„Ава Оче!“

Да му дозволиш да те направи силен. Да

се всели во твоето срце. Да преплавува

љубовта, да направат сокровиште Исус и

Отецот во тебе. Тогаш си силен во Исуса

84

Христа, не самиот ти. И имаш духовно

заедништво во Исуса Христа. Еден Дух си со

Него. И телесните обредни врски се само

имитација, подражување на духовните. Така ја

живееш љубовта. Живееш Исусов живот, печалиш спасение, мир и вечен духовен

живот. Силата и слабоста се категории помеѓу

Духот и телото. Пишано е дека:

„духот е бодар, а телото е слабо“.

Вистина ви велам, во Духот е љубовта и

животот... засекогаш Исус.

Спознајте ја вистината. И таа ќе ве

ослободи. Пишано е. Вистината, која е, што е

вистината? И од што нѐ ослободува? Исус ни

вели:

„Јас сум вистината!“

Исусе, ти ли си вистината? Вистина, вистина ви велам, Јас сум и патот и животот.

Пишано е. Исус ослободува од гревот, го

оставаш на крстот, го отвораш срцето, му го

предаваш клучот од твоето срце за да се вселат

85

со Отецот небесен во тебе. Да го распламтат

твојот дух за да изгориш сѐ што не е од Исус во

тебе и да те осветлат и осветат со жива бања во

словото. Исус – Вистината те ослободува од

сопствениот грев и нељубов. Ја плаќа цената за

гревот, ти дава сила да живееш Исусов живот.

Да живееш мир со Отецот. Да живееш љубов.

Да се преродиш во љубoвта, во Отецот небесен, да се вратиш во царството на љубовта.

Спознајте ја вистината! Но, како се спознава

вистината? Како се спознава Исус? Му го

даваш твоето срце и бараш водство за сѐ што

доаѓа кон тебе, добро и лошо и остануваш во

Него, во вистината, во Исус, во љубовта. Го

држиш во умот, разговараш со Него: Исусе

ова, Исусе она, како Исусе, Исусе покажи ми, помогни ми... Ослободи се од грижите, препушти му го кормилото Нему и имај вера и

доверба во Него. Пишано е дека:

„без вера не е можно да му се угоди на

Бога“.

86

Оживување во Исус, оживување во Дух.

Ја спознаваш вистината кога љубиш и

простуваш

како

Исус!

Вистината

е

непрекината, бескрајна љубов. Возвраќање на

сѐ со љубов. Милост, а не телесни обреди и

жртви. Исус вели :

„Каде сум Јас, таму е и Мојот слуга“.

Тихо! Тука сум Исусе! Оди и љуби како што Јас

ве возљубив! Ми вели, ни вели на сите нас, сотрудници Исусови. Ете жива река тече од

утробата ти. И Моето е твое и обратно.

Пишано е. И Отецот и Јас сме едно и ти си

едно со нас. Така ни порачува Исус. Царството

Божјо е внатре во вас. Силата е во спознанието

на вистината. Во Исус и во љубовта. Знаењето

возгордејува, а Исус, љубовта ослободува.

Вистина ви велам, спознајте ја вистината.

Спознајте ја љубовта. Оди и љуби, сотруднику!

Повели и љуби. Спознај го Исус. Живеј го

Исус. Живеј ја љубовта. Засекогаш љубов.

Само љубовта е вечна и никогаш, вистина ви

87

велам, никогаш не престанува.1Коринтјаните

13:8 Амин. За навек Исус.

Пишано е:

„радувајте се кога ќе паднете во

искушение“ Јаков 1:2

Се работи за проверка на вера. Тоа

создава трпеливост. Пишано е да се молиш во

вера и да не се сомневаш. Да не се двоумиш, на

два ума, туку да се препуштиш на Исусовиот

ум. Да го задржиш Исус во мислите. Он да те

води и обликува. Он да зборува низ тебе. Да ти

даде сила да надвладееш, да го победиш

светот. Да останеш свет и неосквернат.

Понатаму се вели дека е блажен човекот кој

издржува искушение, оти ќе добие венец на

животот што Господ им го ветил на оние кои

го сакаат. Кои го љубат. Нераспадлив венец.

Има уште еден стих: „...Божјите избраници се

проверуваат во фурната на понижувањето...“

Мудрост Сирахова 2:5

88

И така радувај се, доаѓа искушение, а ти

со сето оружје Божјо возврати со љубов. Го

победуваш светот, ако останеш во љубовта. Ако

останеш во Неговите слова, ќе бидеш Негов

ученик. Он ќе те води, учи, обликува по

Исусовиот образ. Пишано е дека светот го

победува оној кој верува, верува во што, во

себе, не во Исуса Христа дека е Син Божји.

Дозволи му на Духот да сведочи во тебе. Духот

е вистината. И ако си роден од Бога, го

победуваш светот. Роден во Дух. Ги пазиш

заповедите Негови и го љубиш Бога. Роден, новороден, Богороден, прероден...си умрел ти

стариот и си се накалемил на лозата Исусова

за да даваш многу плод. Исусороден. Веруваш

во Исус и ја живееш љубовта. Победуваш со

љубовта. Ете си во радост. Иде искушение.

Дозволи му да те направи силен. Силен во

љубовта. Мојот Татко е семоќниот Бог. Одам во

проверка на вера со радост во искушенијата.

Простувам и неосудувам. Он зборува низ мене.

Не се сомневам. Не се двоумам. Врвам по Него.

89

Со Него и во Него. Исус и Отецот имаат

сокровиште во моето срце. Силата, славата и

царството се Негови. Сѐе е од Него и за Него

создадено. И јас сум Неговото чедо. Блажен

сум во издржувањето на искушението. Го

љубам Исуса. Венец на животот ми приготвил, нераспадлив, вечен во љубовта Негова. Амин...

Во секого Исус.

Што правам на земјата? Зошто сум

овде? Што треба да направам сетне? Зошто

мојот Татко е на небесата, а јас се мачам на

земјата? Имаме стих во Откровение 12:7-9, дека сатаната е паднат, фрлен на земјата и има

малку време. Имаме две суштествувања на

земјата: синови ѓаволски (човечки, телесни) и

Синови Божји. 1Јован 3:10 Дали си сонувал

како паѓаш и леташ? И велми, вистина ви

велам, зошто сум овде во оваа долина на сенка

смртна? Кој сум и зошто сум? Тоа се прашања

и одговори за живот и смрт. Не е сеедно што ќе

избереш, дали ќе живееш или ќе умреш! Исус

9 0

им вели на Евреите, на „избраниот народ“, вашиот татко е ѓаволот!? А ти размисли кој е

твојот татко? Чиј си? Кој те создал и ти

вдахнал Дух животен за да станеш жива душа!

Кому му припаѓаш е работа на тоа дали ќе

живееш по смртта или не?! Застани и

размисли кому му служиш, себе си или на

Исуса Христа? Чија волја исполнуваш? Твојата

или Неговата, Исусовата? Тоа е одредница

дали работиш за Исуса или за себе си? Дали му

припаѓаш на Исуса или себе си на паднатата

природа на сатанас? Кој е твојот вистински

Татко? Кој слезе на земјата и се жртвуваше за

да плати за твоите и гревовите на сите луѓе? Ја

пролеа Својата крв за сите нас. Исус во кого

пребива Отецот наш со сета Негова полнота во

Дух и Вистина.

И ете си на раскрсницата меѓу тесната

патека што води кон животот и широката

патека што те води кон смртта?! Имаш слобода

да избереш по сопствената волја! Избираш

или живот или ја бираш смртта! Избираш меѓу

91

Исуса или себе паднатиот телесен ти, дел од

сатанас! Вистина ви велам твојот Татко е на

небесата, а ти си овде долу в долината на сенка

смртна. Сакаш ли да му се вратиш на својот

вистински Татко на небесата! Ете тоа значи да

го бараш најнапред царството Божјо и сѐ ќе ти

се придодаде! Стани и тргни по Исуса... Во

секого Исус.

Молитвата на Исус вели вака:

„...нека биде Твојата волја...“.

Чија волја? На Отецот, нашиот Татко

небесен. Татко на небото и деца на земјата.

Како да се вратиме во Духовното царство на

љубовта на нашиот Отец? На почеток, чија

волја исполнуваме, нашата или Неговата?

Дали нѐ води, управува Духот Божји или

самите

си

врвиме,

во

пишаното

во

Коринтјаните 15:32 :

„да јадеме и да пиеме, оти утре ќе

умреме?!“

92

Нели Исус ја победи смртта? За каква

смрт тогаш се зборува? За смртта на телесниот

или душата со Духот? Духот е самиот живот! И

Духот Негов (на Отецот) да чека суд, пресуда

дали душата созреала во љубовта?

Чија волја исполнуваме? Јадеме ли од

дрвото на познанието на доброто и злото, секој

ден? Дали сами знаеме што е добро и зло? И

така ја избираме смртта! Ако јадеме од дрвото, како Адам и Ева, умираме! По својата волја

сме во смртта! Со Неговата волја се осветуваме

и се учиме да љубиме! Затоа сме на земјата да

научиме за љубовта! Да ги љубиме сите и сѐ

како и самите себе си. Чија волја исполнуваш е

раскрсница, распнување, раскрстување кому

му припаѓаш?! Чиј си? На себе, паднатиот, телесен, грешен или на Исуса Христа и

Таткото небесен. Со своја волја и свое-главост

не си на Исуса?! Простување, покајување, покорност, неосудување, Неговата волја, дозвола Он да те учи, прифаќање и барање на

Царството Божјо. Но, без да го примиш Исус

93

во срцето и да ја прифатиш и живееш Неговата

волја, тоа не е можно! И ти си далеку и вон

Исуса! Исус во срцата наши за навек...Во

секого Исус.

Соединување. Препуштање и предавање

на твојата власт, за да ја добиеш Неговата

власт да газиш на змии и скорпии. Еден Дух со

Него. Да се родиш во Дух е да му предадеш сѐ: власт над тебе, мисли, волја, да умреш како

телесен, грешен и повторно да се родиш во

Духот Исусов. Тие се потопуваат, капат во

водата и мислат дека тоа е доволно. Каква е

разликата меѓу сув и воден грешник? Ние

зборуваме за одлука, Духот и јас, сотрудник

Исусов, зборуваме да се предадеш, да се

оставиш себе си и да примиш нов Исусов

идентитет. Ново роден се вели! Умира стариот

ти, има родение одозгора во Дух и Вистина нов

идентитет, суштествување: раб Божји, слуга

Божји, сотрудник, сонаследник, пријател

Божји, Син Божји. Така се менува твојата

94

природа од нељубов (себељубие) во љубов

Исусова. Вистина, вистина ви велам, така се

претопуваш од нељубов во Отецот наш кој е

самиот љубов. Само така врвиш по Него. Тесен

пат да ги љубиш и да им простиш на сите. Да ја

претрпиш штетата, да ги благословуваш, да ги

гушнеш непријателите. И велми да се вратиш

во својата изворна, љубовна природа кај својот

Татко во духовното царство небесно.

Помните Он ни дувна во душите Дух

животен и нѐ стори живи души! Отецот на

духовите, нашиот небесен Татко, кој е љубов.

Љубовта Негова не е чувство, туку природа. Не

е, денес те љубам, а утре не те љубам?! Туку

Неговата изворна природа. Он е вечен. Љубов

е ОН. Љубовта е вечна. Нема друга вечност.