(English readers just jump to next page)
Не се ни сеќаваш, ама кога си мало дете и некој близок има шок од инекции, и со време развиваш фобија од инекции. Развиваш фобија од други работи поради контакти кои се случиле а не требало да се случат. Грешки, грешки, грешки. Мои, на друг, не знам чиви.
Секасуално образование нула. Од родители ни збор. Ништо. Грешки, грешки, грешки.
Фотографска привремена меморија. Читаш – знаеш. Привремена зошто после недела дена повеќето испарува. Дете. Не разбираш. Полесниот начин. Учиш пред испрашување. Пред испит. Грешка, грешка, грешка. Се учи секој ден. Така и работна навика се создава.
Оставен на ветрот. Грешка, грешка, грешка.
Се учиш да добиваш лесно. Освен некои работи кои ги избегнуваш поради други работи што ти се случиле. А и тоа е лесно. Ама бегаш. Ти претставуваат марихуана. Паѓаш. На сите полиња. Школо. Работа. Стануваш помрзлив, губиш мотивација, краткотрајна меморија, и постепено полудуваш и затупуваш.
Едниот родител само вика, другиот попушта.
„Функционална фамилија“. Никогаш не си имал разумен разговор со родителите. Џоинт. Стонирање.
Одиш на место каде што сакаш да избегаш од се. Од лошо друштво од родители.
Ама таму те дочекуваат „пријатели“.
Те викаат на работа. Менаџер да бидеш. Ентузијазам. Предложуваш работи. Ништо не прифаќаат. Разочарување. Бегаш. На работа не плаќаат со месеци, години. Долгови. И не те слушаат кога велиш дека треба ако некој не плати три месеци да се откачи. Не знаеш, ти викаат. Те бркаат. Не те сакаат таму. Во право си ама џабе.
Времето покажува дека си во право. Ама џабе. Грешка, грешка, грешка.
Ти даваат пари за бадијалчење. Грешка, грешка, грешка.
Одиш на факултет, ентузијазам. Ти даваат 5 листа со дефиниции за испит. Сакаш да учиш од книга и да полагаш така. Не. Губиш желба, ентузијазам. Бегаш. Грешка, грешка, грешка.
Мои грешки. Туѓи грешки. Не е ни битно повеќе.